lidija-dimkovska

Лидија Димковска

Лидија Димковска (1971, Скопје). Завршила општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а постдипломски студии по романска книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија, каде што работела како лектор по македонски јазик и книжевност. Сега живее во Љубљана, Словенија, преведува романска и словенечка литература на македонски јазик и повремено предава „Светска книжевност“ на Факултетот по хуманистика на Универзитетот во Нова Горица. Досега објавила пет поетски книги, и романот „Скриена камера“ (награда „Стале Попов“). Нејзините дела се преведени на англиски, германски, словенечки, полски, словачки, бугарски и романски јазик. Ја добила германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди за литература „Поесис“ и „Тудор Аргези“, а била номинирана и за германската награда „Берлински мост“. Составувач е на антологијата на најмладата македонска поезија „20.млади.мак.поети.00“. Учествувала на бројни меѓународни книжевни средби и читања и престојувала на книжевни резиденции ширум светот.

1 книга од овој автор: