lidija-kapushevska-drakulevska

Лидија Капушевска-Дракулевска

Лидија Капушевска-Дракулевска (1962) е редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје. Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија; на Здружението за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC). Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкување на поетски текстови и компаративно проучување на книжевните феномени.

Објавени книги: Во лавиринтите на фантастиката (1998, II изд. 2004), Поетика на несознајното (2001), Поетика на изненадувањето (2003), Маргарита по трагите на Мајсторот (2006), Калеидоскоп (2011), Созвучја (2015), Мозаик од гласови (2018), Авторот во огледало (2021).

Приредени книги: Антологија на светската лирика (1994, заедно со М. Бојаџиевска), Ден во Скопје, антологија на скопски раскази (1998), Куќа – цел свет, избор од македонската поезија (2004, на македонски и на англиски јазик), Влада Урошевиќ, Непредвидени прошетки (избор поезија / избор раскази). Избор и предговор (2008), Иван Џепароски, Волја за мисла (избор поезија). Избор и предговор (2008), Тешка ноќ, антологија на современиот македонски фантастичен расказ (2009), Al seen vlinder een gedicht wordt (Moderne Macedonische poёzie) – Кога пеперугата станува песна, избор од македонската современа поезија на фламански (2010, заедно со В. Мартиновски), Poesia Macedonia Contemporanea en Español (избор од македонската современа поезија на шпански јазик), The Macedonian PEN Review, 2011-2012, Антологија на светската поезија, том IV (XVIII-XIX век: од Греј до Тагоре), (2015), Блаже Конески, Македонскиот XIX век. Целокупни дела на Блаже Конески (критичко издание во редакција на акад. М. Ѓурчинов и акад. К. Ќулавкова), том 6 (2020, заедно со Анастасија Ѓурчинова и Бобан Карапејовски).

1 book by this author: