liljana-ilieva

Лилјана Илиева

Родена сум во 1955 година, во повеќечлено семејство. Со подготвување на храна почнав на млади години – или ќе го довршував јадењето почнато од мајка ми или поради нејзината зафатеност целосно јас ќе го направев. Често одев по стапките и на мојата баба – се врткав околу неа кога го подготвуваше ручекот, месеше и печеше леб, научив многу и од неа. Така се всади мојата љубов кон готвењето.

Љубопитноста да направам нешто ново, да повторам некој традиционален рецепт – ми беше секојдневие, но се трудев и да се усовршам. Сакав да експериментирам во кујната, а тие мои експерименти не завршуваа секогаш славно... Но бев упорна и резултатите од мојата упорност сега се пренесени во оваа готварска книга. Секој почеток е тежок, но од нешто мора да се почне. Така е и во кујната, каде што се почнува од основата, од едноставните јадења и десерти.

Никогаш не треба да се претерува, треба постепено да се поставуваат повисоки барања и очекувања од себе. Чекор по чекор, успехот еден ден сигурно ќе дојде. Не мора да се сака кујната – но во секое семејство треба да се готви. А секој што со љубов ќе пристапи кон подготвување на храната, ќе приготви јадење од кое ќе биде воодушевено секое непце или десерт на кој никој нема да може да му одолее.Значи, тајниот зачин е љубовта.

0 книги од овој автор.