lorans-plazne

Лоранс Плазне

Лоранс Плазне е родена во Париз, во 1968 г. Уште на петгодишна возраст многу читала, а набргу ѝ се родила и желбата за пишување. Студирала класична книжевност на престижниот Екол нормал супериор, па ги продолжила студиите на Принстон, во 1994 г. Откако докторира книжевност, ја започнува својата кариера како професор на Сорбона. Долго била убедена дека нема што да каже што би било достојно да се објави. Потоа десет години работи на научни трудови, имајќи чувство дека конечно е корисна во книжевноста. Го прекинува молкот во 2005 г. со својот прв роман Љубов, по кој следуваат Рана и жед, во 2009 г. и Несразмерноста на човекот, во 2010 г.

1 книга од овој автор: