Лори Готлиб
Лори Готлиб е американска писателка и психотерапевтка која стекна широка популарност со својата книга „Можеби треба да разговараш со некого“, која стана бестселер на „Њујорк тајмс“, беше продадена во над ми- лион примероци и преведена на 20 јазици.
Готлиб е родена на 20 декември 1966 година, во Лос Анџелес. Студирала јазици и култура на Универзитетот „Јејл“, а дипломира- ла на „Станфорд“ во 1989 година, каде што ги изучувала светските верувања и традиции. Иако на дваесетина години многу се интере- сирала за визуелната уметност, филмот и телевизијата, сепак ѝ се посветила на медицината. Магистер по клиничка психологија ста- нала во 2010 година, на Универзитетот „Пепердин“. Денес работи како лиценциран терапевт за брачни и семејни односи.
Неделно објавува колумни со совети за „Атлантик“ насловени како „Драг терапевту“, каде што освен како колумнист, работи и како уредник. Учествува во поткастот „Драги терапевти“, а нејзината ТЕД-презентација беше една од најгледаните за 2019 година. Пишува и за списанијата „Њујорк тајмс“, „Тајм“, „Пипл“, „Ел“, „Гламур“. Како експерт за ментално здравје, со свои стручни ставови и практични совети гостува во многу телевизиски и радио- емисии, во „Тудеј шоу“, „Добро утро Америка“, на „Си-ен-ен“ и „Би- би-си“. Автор е на сценариото за истоимената ТВ-серија на „Еј-би-си нетворк“ според нејзината книга „Можеби треба да разговараш со некого“, со Ева Лонгорија во главната улога.
Други објавени книги ѝ се: „Човек од цртички“, „Во внатрешноста на култот од Кубу“, „Омажи се за него: господин Доволно Добар“, „Те сакам, мило ми е“, „Дневникот на една анорексична“, „Експертски совети како да воспитате самоуверени, мили, издрж- ливи и успешни деца“.
Во нејзините книги се допираат и испреплетуваат психологијата и книжевноста, третирајќи ги вистинските животни проблеми и како психолошки случај и како сиже за приказна.