louise-hay

Лујза Хеј

Лујза Хеј е авторка на голем број бестселери од областа на здравјето и влијанието на добрата мисла во човековиот живот. Позната е по тоа што покажа дека позитивните изјави, т.е. афирмации, можат да доведат до конкретни позитивни промени во животот на секој човек. Со своите книги и со многубројните предавања од областа на духовниот развој, инспирира милиони луѓе низ светот. Над триесет години им помага на луѓето на сите меридијани да го откријат и искористат целиот потенцијал на своите креативни сили за личен развој и самоисцелување. Таа е основач и претседател на „Хеј хаус“, компанија што издава и дистрибуира книги, цедеа, дивидија и други производи што придонесуваат за исцелување на планетата. Лујза Хеј е авторка на над триесет книги за возрасни и за деца, меѓу кои се вбројуваат Медитации за исцелување на вашиот живот, Сакајте се себе до совршено здравје, Јас можам и Излекувајте го своето тело. Книгата Животот те сака, напишана заедно со Роберт Холден, ги истражува подлабоките значења и практичните примени на изјавите по кои Лујза Хеј е позната. Нејзиниот бестселер Моќта е во вас е продадена во над педесет милиони примероци во светот.

6 books by this author: