lydmila-petrushevskaya

Људмила Петрушевскаја

Људмила Петрушевскаја (1938) е руска писателка, авторка на песни, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Пишува и за деца. Освен со пишување, таа се занимава и со сликање акварели и монотипија. Мошне рано почнала да пишува кратки белешки за весниците (Московски комсомолец, 1957, Московска правда, 1958, списанието Крокодил, 1960, весникот Недела, 1961), а работела и како дописник на Сесојузното радио. Првиот расказ го напишала во 1968 година, и оттогаш во суштина пишува само проза. Нејзините први раскази се појавиле во списанието „Аврора“ во 1972 г. На почетокот не била многу објавувана, но по 1988 година, откако му напишала писмо на Михаил Горбачов, нештата тргнале во позитивна насока. Истата година била издадена нејзината прва книга, збирката раскази „Бесмртна љубов“.

Петрушевскаја е добитничка на бројни книжевни награди во Русија. Таа е една од најомилените и најугледни современи руски писателки, и е преведувана на многу јазици.

Живее и работи во Москва.

1 book by this author: