madeline-miller

Мадлин Милер

Мадлин Милер е современа американска романсиерка и есеистка. Родена е на 24 јули 1978 година, во Бостон. Пораснала во Њујорк и Филаделфија. Дипломирала и магистрирала класични јазици на Универзитетот „Браун“, по што предавала латински, грчки и делото на Шекспир во средно училиште. Потоа една година студирала социологија на Чикашкиот универзитет, а во 2009–2010 г. магистрирала драматургија и театарска критика на „Јејл“. Од 2012 година предава на „Кембриџ“. Нејзиниот прв роман „Ахиловата песна“ (2011) ја доби наградата „Оринџ“ за литература, беше бестселер на „Њујорк тајмс“ и во меѓувреме е преведен на триесетина светски јазици. Романот „Кирка“ (2018) ги доби наградата „Гудридс чојс“ и наградата на Независните книжарници на Америка за 2019 година, и исто така бележи рекордни продажби и е преведен на повеќе јазици. Во 2019 година Мадлин Милер ја доби наградата „Алекс“. Есеите на Милер се објавувани во повеќе весници и списанија, како што се „Гардијан“, „Волстрит џурнал“, „Вашингтон пост“, „Телеграф“ и други.

2 books by this author: