magdalena-chaparovska

Магдалена Чапаровска

Магдалена Чапаровска е родена во 1983 г., во Скопје. Во 2005 г. дипломира Општа психологија и советување на Американскиот колеџ во Солун. Во 2009 г. Магистрира на Општа психологија и советување на Универзитетот Шефилд во Солун. Нејзината теза ги проучува навиките во исхраната и нивната корелација со самодовербата, перфекционизмот и импулсивноста, кај здравата колеџ-популација во Грција. Во 2012 г. станува семеен советник при Институтот за системска пракса, брак и семејство во Скопје. Исто така, Магдалена Чапаровска е и поборник и активист за правата и благосостојбата на животните. Пишува од рана возраст, проза и поезија. Учествува на многу литературни конкурси и фестивали. Неколку нејзини дела се опфатени во збирни публикации или пак се достапни во електронските медиуми. Соработува со голем број уметници во изработка на едиторијали. Повеќе од две години е уредник во блогот bidisvoj.mk. Од ноември 2016 г., заедно со уметницата Ивана Пирковска, се јавуваат како автори на експерименталниот истражувачки мултимедијален проект „Циклус/и (+) (-)“. Проектот се изведува во Културно-уметничкиот центар (КИЦ) и е претставен концептуалистички. Преку аудио-видео проекции надополнети со перформанс и интерактивни, ѕидни инсталации, авторките ја истражуваат и прикажуваат врската меѓу единката и општеството, индивидуалното и колективното. Збирката Еленот слуша виножито е нејзина дебитантска збирка поезија.

1 book by this author: