makis-tsitas

Макис Цитас

Макис Цитас е грчки писател, роден во Јаница, во 1971 година. Студирал новинарство во Солун и работел како радионовинар. Своите книжевни првенци им ги посветува на најмладите, па до денес има објавено петнаесет книги за деца. Автор е и на една збирка раскази (Пети од Петрула, 1996), која е преведена на германски, шпански, англиски, хебрејски, шведски и фински јазик. Сепак, неговото најзначајно дело е романот Бог ми е сведок (2013), за кое и ја добива престижната „Наградата за книжевност на Европската унија“. Оваа книга е веќе преведена на десет јазици, вклучувајќи ги албанскиот, бугарскиот, српскиот, унгарскиот, полскиот, италијанскиот и македонскиот.

Макис Цитас живее во Атина, каде што работи како уредник на културолошко-книжевното списание „Диастиксо“.

1 книга од овој автор: