mamen-sanchez

Мамен Санчес

Целото име на авторката Мамен Санчес е Марија дел Кармен Санчес Перес (1971). Таа е шпанска писателка, новинарка и заменик-директор на шпанското издание на списанието „Хело“, кое е во сопственост на нејзиното семејство веќе три генерации.

Студирала информатика во Мадрид, а докторирала историја и книжевност. Подоцна студирала француска книжевност на Сорбона и англиска книжевност на Оксфорд. 

Објавува паралелно книги за деца и романи за возрасни. Нејзиниот прв роман „Очила за сонце и дождливи денови“ е објавен во 2007 година во тираж од 200 примероци, како подарок од нејзиниот сопруг. Но тој добил добри критики и ја поттикнал да продолжи да пишува. Станува позната со романот „Со вкус на свежа лимонада“, кој станува бестселер и ѝ носи меѓународен успех. Потоа објавува уште десетина книги, меѓу кои се „Дама“, „Се забранува неверувањето во судбината“, „Времето на жените без часовник“, „Цвет и крем“, „Азурен Брег“ и др. Романот „Среќа е да пијам чај со тебе“ го надмина тиражот од 150.000 продадену примероци во Шпанија и веќе е објавен во многу европски земји.

Мамен Санчес се издвојува со својот необичен стил. Нејзините романи се одликуваат  со добра приказна што е мајсторски раскажана, со многу хумор и самоиронија. 

1 book by this author: