Марко Аурелиј
Владетелот и филозоф Марко Аурелиј живеел и владеел во периодот кога Римското царство полека започнува да го губи сјајот на епохалната сила и доминантност, но од друга страна тоа е време кога паралелно протекуваат неговите интензивни филзофски мисли, засновани на стоичките принципи и преточени во книгата „За самиот себе“ како концентриран филозофски амбиент на вештината да се живее.
Филозофот Бертранд Расел ќе рече дека преку читањето на Аврелиј се забележува и самото заоѓање на Рим кога најистакнатите протагонисти пронаоѓаат свое емотивно прибежиште во етиката, што пак квалитативно не ја дефокусира смислата на потрагата по себе, од сократовски аспект.