Марија Јаневска
Марија Јаневска (родена на 29 август 1992 во Скопје), фармацевт по професија, е македонски блогерист, колумнист и автор на кратки текстови и новели. На јавната книжевна сцена излегува во летото 2012 година, преку својот блог „Белешките на Лајла Грејс“, по што за кратко време псевдонимот Лајла Грејс доживува голема популарност. Нејзините текстови се препознатливи по скриените пораки што ги носат во себе, по живот и разговорлив јазик, како и по силните чувства во кратките приказни во кои може да се пронајде секој од нас. Тие несомнено се инспирирани од нејзиниот живот, но сепак настаните што ги раскажуваат се вметнати во туѓи приказни. Во 2013 г. го објавува првиот дел од „Белешките на Лајла Грејс“ во печатена форма, издание што доживува огромен успех и рекордна читаност за краток временски период.