marjolijn-hof

Марјолајн Хоф

Марјолајн Хоф е родена во Амстердам, во 1956 година. Наскоро нејзиното семејство се преселило во Хаг. Израснала опкружена со уметност, бидејќи татко ѝ освен психолог бил и уметник и колекционер на уметнички дела. Во куќата имало многу библиотеки, па Марјолајн отсекогаш имала на располагање голем број книги за читање. Како мала обожавала да прави свои сликовници и уште оттогаш покажувала афинитет кон уметноста, литературата и јазиците. Со пишување кратки раскази почнала како ученичка во основно училиште, откривајќи нов начин со помош на имагинацијата да го претстави своето опкружување преку цртежи, театарски претстави, песни и раскази. Завршила студии по библиотекарство и дваесетина години работела како библиотекарка, прво во Хаг, а подоцна и во Амстердам. Од 1999 година му се посветила на пишувањето. Дебитирала во 1999 г. со романот за деца „Најубавиот цвет во квартот“. Досега има објавено дваесетина книги за деца и млади, преведени на 14 јазици, меѓу кои се истакнуваат „Мала веројатност“ (2006), „Преминување“ (2007; е-книга), „Мајка број нула“ (2008), „Кога никој не гледа“ (заедно со Ирис Кајперс, 2009), „Размавтан лебед“ (2011), „Дедо ми, јас и баба прасица“ (2011), „Знаме и бандерола“ (2012), „Тројно правило“ (2013, Награда за најдобра книга за деца во 2014), „Лажичар“ (2018). „Мала веројатност“ е преведен на 14 јазици, а според него во 2011 г. е снимен филм што освои неколку награди. Освен за деца и млади, Марјолајн Хоф пишува драми и поезија и е една од најуспешните холандски меѓународно признати авторки за деца. Меѓу наградите што ги има добиено се и „Златно перо“ и „Златен був“ за книжевност за деца.

1 book by this author: