Марк Саливен
Марк Саливан е признат автор на осумнаесет романи, меѓу кои и бестселерот на Њујорк тајмс, серијата книги Прајват, напишана во коавторство со Џејмс Патерсон. За своите дела има добиено повеќе награди, а многу од нив се наоѓаат на листата на најпродавани книги на Њујорк тајмс. Пораснал во Медфилд, Масачусетс. Завршил англиски јазик на колеџот Хамилтон, а потоа се пријавил да работи како волонтер на Мировниот корпус во Нигерија, Западна Африка. По враќањето во САД се здобил со диплома на Школата Медил за новинарство при Универзитетот Нортвестерн и почнал да работи како истражувачки новинар. Во 1994 година, на 30-годишна возраст, го остварил својот детски сон објавувајќи го својот прв роман, The Fall Line, кој веднаш се нашол на листата на Њујорк тајмс. Страстен скијач и авантурист, со сопругата живее во Боузман, Монтана и благодарен е за чудото на секој момент во животот. Неговиот последен роман, Под црвеното небо, објавен во 2017 година, е базиран врз вистински настани во кои учествувал еден од многуте заборавени херои од Втората светска војна. Победничка, епска приказна за неверојатна храброст на еден млад човек и за решеноста да се преживее во мрачните воени години.