martha-nussbaum

Марта Нусбаум

Марта Нусбаум е американска филозофка, која особено се занимава со античката грчка и римска филозофија, но и со политичката филозофија, етиката и феминизмот. Студирала театрологија и класична филологија на Универзитетот во Њујорк, а потоа се запишува на студии по филозофија на Универзитетот Харвард, каде што магистрира во 1972 год., а докторира во 1975 год. Предавала филозофија и класична филологија на универзитетите Харвард и Браун, а во моментов е професорка по право и етика на Универзитетот во Чикаго. Авторка е на повеќе значајни студии, меѓу кои: „Ранливоста на добрината“ (1986), „Негување на човечноста“ (1997), „Полот и социјалната правда“ (1998), „Криење од човечноста“ (2004), „Не за профит“ (2010).

1 book by this author: