matt-haig

Мет Хејг

Мет Хејг е современ британски автор кој пишува за деца и возрасни, а работи и како новинар. Роден е на 3 јули 1975 година, во Шефилд. Студирал англиски јазик и историја на универзитетите „Хал“ и „Лидс“, а во моментов живее во Јорк. Пишува за неколку национални весници, вклучувајќи ги „Гардијан“ и „Индипендент“. Неговата прва книга за деца, „Сенишната шума“, била објавена во 2007 година и освоила голем број награди. Нејзиното продолжение „Избеганиот трол“ излегува од печат во 2009 година. Оттогаш ги има напишано и „Да се биде мачка“, „Момчето Ехо“ и „Момчето што се вика Божик“, која е преведена на над 40 јазици. Потоа следуваат и „Девојчето што го спаси Божик“, „Дедо Мраз и јас“, „Виленикот Вистина“, „Иви и животните“, „Виленикот Вистина оди во училиште“ и „Иви во џунглата“. Неговите книги за возрасни се исто така позитивно оценети од критиката и читателите, а некои од нив се преведени и на други јазици: „Последното семејство во Англија“, „Клубот на мртви татковци“, „Посесивноста на господин Кејв“, „Радлиеви“, „Луѓето“, „Како да го запреме времето“ и „Полноќна библиотека“. Неговите мемоари „Причини да се остане жив“ останаа 46 недели меѓу најдобрите десет на британската листа на најпродавани книги.

1 book by this author: