matthias-nawrat

Матијас Наврат

Матијас Наврат (1979) е германски романсиер кој уште од 2012 година се наметнува на европската книжевна сцена. Пишува и кратки раскази и есеи. Роден е во Ополе, Полска, но од 10-годишна возраст живее во Германија. До 2007 година студирал биологија, а откако од 2009 г. му пораснал интересот за литературата, се запишал на Универзитетот за уметности на Швајцарскиот институт за литература. Уште со објавувањето на првиот роман „Ние двајцата сами“ (Wir zwei allein) во 2012 година го привлекува вниманието на критиката и романот ги освојува Наградата за литература на кантонот Берн и наградата „Аделберт фон Шамисо“. Има објавено уште четири романи, од кои најзначаен е „Тажниот гостин“, објавен во 2019 година, кој во 2020 му ја носи Европската награда за литература. Самиот наслов „Тажниот гостин“ е алузија на стиховите од Јохан Волфганг фон Гете: „Ти си само тажен гостин на црната Земја“. Ова е тивка и мелахнолична книга што го следи современ Берлин, неговото минато и влијанието што тоа го има во сегашноста. Но освен што е опис на европскиот интелектуален пејзаж, романот го следи и животниот пат на неколку ликови со кои авторот доаѓа во контакт, од кои повеќето се полски емигранти. Всушност, би можело да се каже дека книгата е романескна верзија на автобиографија.

1 book by this author: