maud-ankaoua

Мод Анкауа

По завршувањето на студиите на парискиот Институт за политички науки и магистратурата по меѓународен бизнис на Универзитетот во Нотингем, Мод Анкауа постигнала блескава кариера во светот на претприемништвото. Но во 2010 година, по продавањето на својата компанија, Мод е речиси целосно исцрпена поради стрес, а истовремено многу далеку од своите вистински желби... Во екот на деловната експанзија ги одбива сите понуди и само за четири дена решава да тргне на патување во Непал. Поминала пет дена на Хималаи само во друштво на носачите... И на тишината! Тоа било вистинска можност за поврзување со себе. Според Мод, единственото нешто кон кое човек треба да се стреми е среќата. За тоа станува збор во книгата Првиот ден од остатокот од твојот живот, во која покажува вистинска верба во сите нас, за да можеме еден ден да живееме во свет каков што посакуваме.

1 book by this author: