maxwell-maltz

Максвел Молц

Д-р Максвел Молц (10 март 1889 – 7 април 1975) дипломирал на Универзитетот Колумбија и докторирал на Медицинскиот факултет при истиот Универзитет. Како еден од најпознатите и најценети пластични хирурзи во светот, предавал на универзитетите во Амстердам, Париз и Рим. Бил професор по пластична хирургија на Универзитетот во Никарагва и на Универзитетот во Ел Салвадор. Максвел Молц пишувал и белетристика. Ги објавил драмата Невидлива лузна (1946) и новелата Времето е сега (1975). Неговата автобиографија Доктор Пигмалион: автобиографија на еден пластичен хирург (1953) станала многу популарна и влијателна книга која била цитирана во многу дела посветени на човековото тело и неговиот идентитет.

По објавувањето на своето ремек-дело Психокибернетика, Молц го сменил името на својата автобиографија во Доктор Психокибернетика. Иако првпат објавена во 1960, во 2008 година Психокибернетика беше вклучена во листата 50 класики за самопомош. Друга негова позната и влијателна книга е Магијата на верувањето.

1 book by this author: