michel-faber

Мишел Фабер

Мишел Фабер е еден од најзначајните современи британски писатели. Неговите дела се продадени во милионски тиражи и преведени се на повеќе од триесет јазици. Роден е во Холандија, во 1960 година. Детството и младоста ги поминува како емигрант во Австралија, а во деведесеттите години се доселува во Шкотска и почнува да се занимава со пишување. Пишува раскази, есеи и романи. Неговиот прв роман, Под кожата, е објавен во 2000 година, а подоцна е адаптиран во успешен филм. Од другите дела на Фабер се издвојуваат збирката раскази Јаболко (2006), романите Сто деведесет и девет скалила (2001), Огненото евангелие (2008) и бестселерот Пурпурни и бели цветови, објавен во 2002 година, со кој постигнува светска слава. Неговиот најнов роман, Книга за чудни нови работи, беше објавен во 2014 година и доби многу престижни книжевни награди.

1 book by this author: