miguel-delibes

Мигел Делибес

Мигел Делибес (Miguel Delibes, 1920–2010) е автор чие книжевно творештво се карактеризира со иронична перспектива, што ја користи за изнесување социјалните неправди и за критика на малограѓанштината. Сепак, неговите дела не се сведуваат само на тоа, туку се задлабочуваат во сеќавањата од детството и во претставување на обичаите и говорот својствени за руралниот свет. Се смета за еден од најважните современи шпански писатели. Неговите дела имаат освоено голем број награди, меѓу кои наградата Надал, Принцот од Астуријас и наградата Сервантес. Меѓу неговите најпознати романи се вбројуваат Пат, Пет часа со Марио, Принцот симнат од трон. Автор е на голем број раскази и есеи, а бидејќи е голем познавач на флората и фауната, има напишано и многу книги за лов. Мал е бројот на делата што можат да раскажат толку многу со еден толку едноставен јазик како Пат. Мудроста на едно дете нè маѓепсува како што ретко се случува во романите: раскажувачки глас полн со сила, искреност и невиност, со виталност и интелигенција; глас што одекнува со заглушувачка отровност во начинот на едно бездушно гледање на нештата, полн со детални описи на обичаите, глас кој го става во прашање сето она во што се верува поаѓајќи од чистотата и соединетоста со околината. Мигел Делибес создаде еден протагонист, Даниел Бувот, кој прави сите да се чувствуваме ситни и неважни наспроти неговиот здрав разум и моќта да го анализира тоа што го опкружува без да ја загуби свежината во своето раскажување. Пат ни ја раскажува последната ноќ на ова момче во неговото село, пред да замине во градот на школување. Буден и вознемирен, додека се превртува во постелата, тој се присетува на разни епизоди од својот живот во селото и на луѓето што живеат во него: другарите со кои споделува возбудливи доживувања, соседите што ги познава многу или малку, родителите… Преку овие расцепкани спомени, но поврзани во една целосна приказна, стануваме сведоци на љубовта на луѓето кон нивната земја и на секојдневните случки што ги прават нивните денови толку извонредни колку и вообичаени. Сето тоа во прекрасниот микрокосмос на селото на Бувот.

1 книга од овој автор: