milena-busquets

Милена Бускетс

Милена Бускетс е родена во 1972 година, во Барселона. Завршила археологија во Лондон. Неколку години била уредник во семејната издавачка куќа Лумен. Моментално работи како новинар, а се занимава и со преведување од англиски и од француски јазик. Првиот роман, „Денес сретнав некого“, го објавила во 2008 година. Нејзиниот втор роман, „И тоа ќе помине“, предизвикува голем интерес кога се појавува на Саемот на книгата во Франкфурт, во 2014 година. Наскоро тој е преведен на повеќе светски јазици и станува бестселер, а Бускетс е наречена „Франсоаз Саган на дваесет и првиот век“.

1 книга од овој автор: