milena-siljanoska

Милена Сиљаноска

Милена Сиљаноска (1997) е дипломиран професор по општа и компаративна книжевност. Работи како уредник во Издавачки центар ТРИ. Има објавувано поезија и проза во „Современост“, „Зенит“, „Литературни искри“, во студентскиот весник „In medias res“.

Во 2012 година добива награда на литературен конкурс организиран од Дата ПЕСНОПОЈ – Битола, кои ѝ ја објавуваат стихозбирката „Ако имаш време“ како дел од едицијата „Гласини“. Во 2023 година го доби признанието „Антев златник“ од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, за поетскиот ракопис „Болопадание“.

Во своите ракописи опфаќа повеќе егзистенцијални и клучни теми – за времето, судбината, животот, смртта, религијата и Бог и самата смисла на постоењето.

„Ронлива“ е нејзин прв роман.

1 book by this author: