min-jin-lee

Мин Чин Ли

Мин Чин Ли (1968) е корејско-американска романсиерка и новинарка, авторка на раскази, есеи, осврти и интервјуа. Најпозната е по своите две прозни дела „Бесплатна храна за милионери“ (2007) и „Пачинко“ (2017). Родена е во Сеул, но уште од седумгодишна возраст живее во Америка. Почнала да пишува на Универзитетот „Јејл“, како дел од предавањата за пишување. Откако дипломирала историја во 1990 година, се запишала на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџтаун“. Две години работела како корпорациски правник, но потоа решила да му се посвети на пишувањето. Моментално живее во Менхетен, со синот и сопругот. Периодот што го поминала живеејќи во Токио, од 2007 до 2011, е клучен за нејзината кариера, зашто тогаш ја напишала „Пачинко“. Како новинар, пишува есеи и осврти за „Њујорк тајмс“, „Тајмс“, „Вог“, „Волстрит џурнал“, „Фуд енд вајн“ и др. Како професор има одржано неколку предавања за пишување и литература на познати универзитети, меѓу кои „Јејл“, „Колумбија“, „Харвард“. Иако е позната по долгите прозни остварувања, признанијата за кратката проза ја охрабриле да продолжи да пишува. Кога во 2002 година „Мисури ривју“ го објавил расказот „Татковина“, со слична содржина на „Пачинко“, се здобила со наградата „Педен“ и со стипендија од Фондацијата за уметности на Њујорк, што ѝ го потврдило убедувањето дека приказната за Корејците треба да биде раскажана. „Пачинко“ настанала како резултат на огромно истражување, опфаќајќи историски вистини за војните, иселениците и тешкиот живот во емиграција. Освен што е вклучена во изборот на најдобри книги на многу истакнати медиуми, меѓу кои „Тајмс“ и „Гардијан“, „Пачинко“ беше финалист на Националниот избор за роман на годината и се најде на 75 ранг-листи за најдобри книги на годината низ светот. Преведена е на над 30 јазици.

1 book by this author: