mordecai-richler

Мордекај Ришлер

Мордекај Ришлер (1931–2001) е еден од најзначајните автори во современата канадска литература. Работел како новинар, а подоцна почнал да пишува раскази, романи, патописи, есеи, филмски сценарија и проза за деца. Неговите дела на специфичен начин го отсликуваат канадското современо општество, особено задржувајќи се на релациите помеѓу англофонската и франкофонската заедница, а исто така и на многубројната еврејска имиграција во Канада. Ришлер е автор на десет романи, помеѓу кои како највпечатливи се издвојуваат: Учењето на Дади Кравиц (1959), Џошуа тогаш и сега (1980), Соломон Гарски беше овде (1989) и Верзијата на Барни (1997). Дел од своите романи Ришлер ги адаптирал во филмски сценарија и според нив се снимени неколку успешни холивудски филмови. За неговите дела, Мордекај Ришлер е добитник на најголемите книжевни признанија на Канада.

1 книга од овој автор: