morgan-housel

Морган Хаусел

Морган Хаусел е современ бизнис-автор и докажан експерт за бихевиорално планирање на финансиите и инвестициската историја. Партнер е во „Колаборатив фанд“, фирма за ризичен капитал што ги поддржува младите брзорастечки но ризични компании, а познат е и како поранешен колумнист на „Мотли фул“ и „Волстрит џурнал“.

Дипломирал економија на Универзитетот на Јужна Калифорнија. Двапати победил на изборот за Најдобри во бизнисот, организиран од Здружението на американски деловни уредници и писатели. За своето извонредно истражувачко новинарство што придонесува за општото добро ја освоил наградата на „Њујорк тајмс Сиднеј“. Неговите колумни биле објавени во антологија на најдобри бизнис-текстови во 2012 од „Колумбија џурнализам“. Негови статии поврзани со совети за финансирање се објавувани и во „Тајм“, „Ју-Ес-Еј тудеј“ и „Бизнис инсајдер“.

Користејќи ги сознанијата од психологијата, историјата, неврохирургијата и социологијата, Хаусел ги запознава читателите со когнитивно-бихевиоралните предрасуди што ги доведуваат инвеститорите до грешки во проценките и објаснува како однесувањето може да биде клучно во остварувањето на финанските цели. Во своите настапи, говори, статии и книги, Хаусел комбинира вистински приказни со најновите истражувања разгледувајќи ја моменталната состојба на финансиските пазари, инвестициската индустрија и личните финансии, за да им понуди решенија на луѓето да го подобрат односот кон парите.

Негова најпопуларна книга е „Психологија на парите: безвременски лекции за богатството, алчноста и среќата“, која со своите 19 поглавја ги истражува невообичаените ставови што луѓето ги имаат кон едно од најважните животни прашања. Продадена е во над милион примероци и преведена на 48 јазици.

Други негови книги се „Сите веруваат; повеќето ќе згрешат“ и „50 години: Големата рецесија и нејзините последици“.

Живее во Сиетл со семејството.

1 book by this author: