murray-stein

Мари Стајн

Мари Стајн е врвен стручњак во областа на аналитичката психологија, еден од најпознатите следбеници и проучувачи на Јунг. Роден е на 2 септември 1943 година, во Јорктон, Канада. Студирал и магистрирал на Универзитетот Јејл, а докторирал на Универзитетот во Чикаго. Специјализирал на Институтот „К. Г. Јунг“ во Цирих. Основач е на Институтот „К. Г. Јунг“ во Чикаго, како и на Меѓурегионалното друштво на јунговските аналитичари и на Чикашкото друштво на јунговските аналитичари. Работи како тренинг аналитичар во Меѓународната школа за аналитичка психологија во Цирих, каде што живее и работи. Исто така, одржува предавања низ целиот свет.

Има објавено голем број книги од својата област: Принципот на индивидуација, Јунгијанска анализа, Јунговото прашање на христијанството, Во средовечноста, Практикување на целоста, Соларна совест, лунарна совест, Преобразба – пројавување на јаството и др.

1 книга од овој автор: