naoise-dolan

Ниша Долан

Ниша Долан е ирска писателка родена на 14 април 1992 годи- на, во Даблин. Студирала англиска книжевност на Колеџот Три- нити во Даблин и на Универзитетот Оксфорд. Откако не успеала да најде работа по дипломирањето, заминала во Сингапур да ра- боти како наставник по англиски како странски јазик.

Живеела и работела и во Хонгконг и Италија, а денес живее во Лондон. „Возбудливи времиња“ (2020) е нејзин прв роман, кој наскоро по објавувањето станал бестселер на „Сандеј тајмс“. Била номи- нирана за повеќе награди, а влегла во потесниот избор за награ- дата Роман на годината на „Вотерстоунс“, како и за Наградата за најдобар млад автор на годината на „Сандеј тајмс“ во 2020 годи- на, а во 2021 година за најдобар дебитант на Книжевните награ- ди „Дoлки“. Филмското студио „Амазон“ ги откупило правата за екранизација на романот.

На 27-годишна возраст на Ниша Долан ѝ бил дијагностициран аутизам, за што отворено зборува на социјалните мрежи и во интервјуата.

1 book by this author: