nathalie-skowronek

Натали Сковронек

Натали Сковронек е родена во Брисел, во 1973 година. Дипломирала книжевност и некое време работела во издавачката дејност пред да премине во светот на женската мода, каде што работела седум години. Во 2004 година им се враќа на книжевноста и издаваштвото создавајќи ја издавачката куќа „Ла плум е ле пинсо“ („Пердувот и четката“) под капата на издавачката куќа „Комплекс“. На 37-годишна возраст го објавила својот прв роман „Карен и јас“, кој е прв дел од семејната трилогија која го нси читателот на патување од полските еврејски гратчиња со Аушвиц. Ја заокружила трилогијата со следниве два романа - „Макс, навидум“ и „Свет по мера“. Од 2016 година предава во Центарот за современо пишување на „Ла Шамбр“, Националното училиште за визуелни уметности. Исто така, волонтира и во работилницата за пишување за клубот „Антоан Арто“, дневен центар за возрасни лица со психолошки нарушувања.

1 book by this author: