neale-donald-walsch

Нил Доналд Волш

Нил Доналд Волш (10 септември 1943 година) е американски автор, актер, сценарист и говорник. Најпознат е по серијата книги Разговори со Бога. Други познати дела му се Пријателство со Бога, Комуницирање со Бога, Новото откровение, Разговори со Бога за тинејџери, Бог на утрешнината и Дома со Бог: во животот кој никогаш не завршува. За овие книги се вели дека го редефинираат концептот на Бог и ги поместуваат духовните парадигми низ целиот свет. Нил Доналд Волш е роден во Милвоки, Висконсин, во католичко семејство кое секогаш ги поттикнувало неговите духовни и религиозни трагања по вистината, бидејќи Волш бил многу љубопитно дете. Посетувал католичко училиште, а повеќе години неформално студирал компаративна теологија. Пред да ја напише серијата Разговори со Бога работел како програмски директор на радиостаница, уредник на весник, како и во областа на маркетингот и односи со јавноста. Во раните 90-ти години доживеал неколку лични несреќи – пожар во кој биле уништени сите негови работи, развод и сообраќајна несреќа во која бил сериозно повреден. Додека закрепнувал, сам и невработен, бил принуден да живее во шатор, собирајќи и рециклирајќи алуминиумски конзерви. Во тоа време помислил дека неговиот живот завршил. Очаен, почнал да ги пишува своите дела откако се вработил во една радиоемисија. По објавувањето во 1995 година, неговата прва книга Разговори со Бога веднаш стана меѓународен бестселер. Оттогаш уште шест негови книги се најдоа на листата на бестселери на Њујорк тајмс. Волш има објавено триесетина книги преведени на 37 јазици. Во 2003 година беше прикажан филмот Индиго, за кој сценариото го напишаа Волш и Џејмс Твиман и во кој една од улогите ја има токму Волш. Филмската адаптација на Разговори со Бога беше прикажана во САД и во Канада во 2006 година.

4 books by this author: