neil-gaiman

Нил Гејман

Нил Гејман (1960, Портчестер, Велика Британија) е еден од најпознатите и најценетите современи писатели во жанрот на фантастиката. Светска слава стекнува во деведесеттите години како автор на исклучително популарниот стрип со митолошка тематика Сендмен, кој врвните литературни критичари го оценуваат како „најголем еп во историјата на стрипот“. По завршувањето на стрип-серијалот Сендмен, Гејман почнува да објавува книги кои веднаш стануваат бестселери и набрзо за нив добива многу значајни меѓународни награди, меѓу кои и престижните Хуго, Небула и Брам Стокер. Пишува книги за деца и за возрасни, а исто така и раскази, телевизиски и филмски сценарија. Од книгите за деца особено познати се: Коралина (според која е снимен и долгометражен анимиран филм), Ѕвездена прав (роман кој, исто така, е филмуван) и Книга за гробиштата. Од романите за возрасни се издвојуваат: Недојдија (1996), Американските богови (2001), Момчињата на Ананси (2005) и Океан на крајот од патот (2013), Нордиска митологија (2017).

3 books by this author: