Николас Спаркс
Николас Спаркс (31 декември 1965) е американски романсиер, продуцент и сценарист. Познат е по својот специфичен стил во делата кои би можеле жанровски да се дефинираат како романтични драми. Сите досега објавени книги на овој мајстор на романсата биле бестселери на Њујорк тајмс, преведени се на околу 50 јазици и продадени се во над 97 милиони примероци. Вниманието на светската читателска јавност Спаркс го привлече со романот Страници за нашата љубов (1996). По неа следуваа уште 16 еднакво успешни романи – Порака во шише, Прошетка за паметење, Спасување, Кривина на патот, Ноќи во Родантe, Чуварот, Венчавка, Вистински верник, На прв поглед, Драги Џон, Избор, Среќникот, Последната песна, Прибежиште, Најдоброто од мене (2011), Најдолгото патување. Со 8 книги адаптирани за филм, тој е еден од авторите со можеби најмногу филмувани дела. Најдоброто од мене исто така има своја филмска верзија, премиерно прикажана во oктомври 2014. Љубовта како лајтмотив се провлекува во секоја од неговите книги, но секогаш од различна перспектива и видена низ поинаква призма, правејќи ја секоја неговa книгa различна, свежа и неповторлива.