nikolina-andova

Николина Андова Шопова

Николина Андова Шопова е родена на 1978 година во Скопје. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Објавувала поезија и хаику во повеќе списанија. Во 2013-та година ја објавува првата поетска книга, „Влезот е од другата страна“ (издание на „Темплум“), за која ја добива наградата „Мостови на Струга“ од СВП и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга. Истата е објавена и на англиски јазик. Во 2014-та ја објавува својата втора поетска книга, „Поврзи ги точките“ („Темплум“).

1 книга од овој автор: