nona-markovska

Нона Марковска

Нона Марковска (2002) е млада македонска раскажувачка и поетеса. Родена е и живее во Битола, каде што го завршила средното образование во Гимназијата „Јосип Броз Тито“. Веќе пет години е волонтер во креативниот тим на МКЦ Битола. Член е на Ротари клубот Широк сокак и на Медиа арт клубот на МОФ.

Своето прво дело „Пронаоѓање“, збирка од поезија и проза, го објавува на четиринаесетгодишна возраст, во 2017 година. На 16 години го објавува првиот роман, „Аурора“, од областа на научната фантастика. „Големата лага и малите вистини“ е нејзин трет роман, во кој ги опфаќа проблемите на денешницата.

Објавила и две приказни во епизоди, „За да те пронајдам“ на порталот Publicist.com и „Ќара и возот од стакло“ на Хаштаг.мк. Нејзиниот расказ „Агонија на изолацијата“ беше објавен во електронската и печатената верзија на делото „Карантински приказни“ на ТРИ. Објавила и неколку колумни во средношколскиот весник „Медиум“. Со цел да ги поттикне младите уметници, има свој видеопоткаст, каде што гостуваат многу македонски режисери, фотографи, музичари.

1 book by this author: