norman-manea

Норман Манеа

Од своето деби во 1966 год., во изборот Сказната на зборот на Мирон Параскивеску, па до 1986 год., кога замина од Романија, Норман Манеа објави 10 книги (5 романи, 3 книги раскази, 2 книги есеи). Ги доби Награата на Друштвото на писателите од Букурешт (1979) и Наградата на Сојузот на писателите од Романија (1984, повлечена од Комисијата за култура на Сојузот за социјалистичко образование). По 1986 год., кога живееше во странство, прво во Германија (1987), потоа во Соединетите Држави, во Њујорк, Норман Манеа беше преведен на 20 јазици и неговите книги беа пофално претставувани во видните весници на соодветните земји. Книгите објавени во САД (October, eight o’clock; On Clowns: The Dictator and the Artist; Compulsory Happiness; The Black Envelope; The Hooligan’s Return) се наоѓаа во изборот на најзначајните изданија од „Њујорк тајмс“. Работи како професор по литература и резидентен писател на колеџот Бард. Во 1992 год. ги доби стипендијата Гугенхајм и престижната награда Мак-Артур (американска Нобелова награда). Во 1994 год. Националната библиотека од Њујорк му ја додели наградата Книжевен лав. Во 2002 год. му се дадели меѓународната награда за литература Нонино за целокупното творештво, а во 2006 год. француската наградата Медичи за роман од странски автор, за Враќањето на хулиганот. Истата година беше одликуван за Културни заслуги со чин командир од претседателот на Романија, беше избран за член на Уметничката академија од Берлин и во меѓународното жири за наградата Нонино. Во 2010 год. француската влада го одликува со титулата и со Орденот на уметноста и литературата.

1 book by this author: