orhan-pamuk

Орхан Памук

Орхан Памук (роден на 7 јуни 1952 година во Истанбул, Турција) е еден од најпознатите турски писатели, добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година. Памук своето образование го стекнал на Роберт колеџ, во тоа време средно училиште, како и на Техничкиот универзитет во Истанбул. Во тој период започнал да се занимава со писателска дејност. Завршил новинарство на Истанбулскиот универзитет во 1977 година, а од 1985 до 1988 година учел на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД. Во текот на 2005 година, од страна на две турски асоцијации бил обвинет за неговите тврдења во врска со Ерменскиот геноцид и убивањето на околу 30.000 Курди од страна на турските власти. За истото дело бил ослободен во 2006 година. Денеска тој е еден од најпопуларните писатели од Турција во светот, кој има продадено над седум милиони примероци од неговите книги и изданија на над педесет светски јазици.

1 книга од овој автор: