Оскар Вајлд
Оскар Фингал О’Флаерти Вилс Вајлд (англиски: Oscar Fingal O'Flahertie Wills Wilde, Даблин, 16 октомври 1854 - Париз, 30 ноември 1900) — ирски драмски писател, поет, раскажувач и автор на еден роман.
Познат по неговата зајадлива досетливост, станал еден од најуспешните драмски писатели на доцната викторијанска епоха во Лондон, како и една од најпознатите личности на неговото време. Негови најпознати дела се комедијата „Ладалото на Леди Виндермир“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Идеален маж“ и романот „Сликата на Доријан Греј“.
Неколку од неговите драми и понатаму често се изведуваат, особено „Важно е да се викаш Ернест“.