Ошо
Учењето на Ошо им пркоси на сите категоризации. Илјадниците предавања што ги одржал ги покриваат сите теми, од индивидуалната потрага по смислата до жешките општествени и политички прашања со кои се соочува современото општество. Ошо не ги напишал своите книги, тие се транскрипција на аудио и видеоснимките од импровизираните предавања што ги држел пред публики од целиот свет. Како што и самиот вели: „Запомнете – она што го кажувам не се однесува само на вас... Тоа се однесува и на идните генерации“. Лондонски Сандеј тајмс го опишал како еден од „1 000 творци на дваесеттиот век“, а американскиот писател Том Робинс за Ошо изјавил дека е „најопасниот човек од времето на Исус Христос“. Индиски Сандеј мидеј вели дека Ошо е еден од десетте луѓе – покрај Ганди, Нехру и Буда – што ја промениле судбината на Индија. Ошо, пак, изјавил дека со својата работа помага во создавањето услови за раѓање на нов вид човек. Ваквиот нов вид човек често го нарекувал Зорба-Буда, затоа што е способен да ужива и во овоземските задоволства – како Гркот Зорба – и во тивкото спокојство – како Гаутама Буда. Нишката што е заедничка за сите аспекти на Ошовите предавања и медитации е визијата што ги спојува вонвременската мудрост на времето што поминало и најголемиот потенцијал на современата (и идната) наука и технологија. Ошо е познат по својот револуционерен придонес во науката за внатрешна трансформација, преку пристап кон медитацијата што е во согласност со брзото темпо на современиот живот. Неговите уникатни активни медитации се осмислени за да го ослободат човекот од стресот акумулиран во телото и умот, за да можат тишината и опуштањето – ослободени од сите мисли – да станат дел од секојдневниот живот.