patrick-king

Патрик Кинг

Патрик Кинг е американски специјалист за социјални односи и докажан автор во областа на популарната психологија. Неговите книги се продадени во милионски примероци низ целиот свет. Тие се одраз на годините што ги поминал во напорна работа во областа на меѓучовечките односи, на искуството како професор и тренер и, секако, на личното искуство од секојдневниот живот.

Големо влијание врз неговиот начин на размислување и врз неговиот стил имаат Дејл Карнеги и Наполеон Хил. Освен „Читајте ги луѓето како книга“, други популарни дела на Патрик Кинг се „Како да мислиш: практична интелигенција за секојдневниот живот“, „Наука за допадливоста“, „Како да ги слушаш своите намери“, „Интроверт: како да стекнеш пријатели, да имаш пријатна комуникација и да се чувствуваш добро“, „Поттикнувачи на мотивацијата“, „Како да ги контролираме емоциите“, „Искуството на самоспознанието“, „Како да го надминете стравот од јавен настап“, „Харизма“, „Бидете си свој психолог“, „Престанете да им угодувате на луѓето“, „Како да бидете весели, остроумни и креативни“ и многу други.

Патрик Кинг има богати сознанија за социјалните вештини и за карактерот на луѓето, но има и остро око што ги согледува нештата што ретко кој психолог може да ги забележи. Во комбинација со неговиот допадлив и едноставен стил, збогатен со факти од научни истражувања и лични искуства, книгите на Кинг наидуваат на топол прием и уживаат голема популарност во светот.

1 book by this author: