Патрик Нес
Патрик Нес е роден во 1971 година, во Вирџинија, САД. На 28 години се преселил во Лондон, каде што живее и денес. Работи како писател, новинар и професор. Автор е на десетина романи и на повеќе раскази собрани во една збирка. Светски успех достигнува со Хаосот што се движи, трилогија романи објавени од 2008 до 2010 година, кои постигнаа огромен успех и кај читателите и кај критиката. Во 2011 година го објави романот за млади читатели Чудовиштето доаѓа, напишан според оригиналната идеја на прерано починатата авторка за деца Шивон Дауд. Патрик Нес е еден од најнаградуваните современи автори за деца и млади читатели. Добитник е на книжевните награди Гардијан за детска проза, Буктраст, Коста и Медалот Карнеги. Во 2016 година романот Чудовиштето доаѓа е екранизиран во филм.