paul-auster

Пол Остер

Пол Остер (1947) е еден од најзначајните американски романсиери на денешницата, поет, есеист, сценарист, режисер и преведувач. Автор е на романите: Г. Вертиго, Левијатан, Месечевата палата, Њујоршка трилогија, Земјата на последните нешта, Книга на илузиите, Пророчка ноќ, Бруклински будалаштини. Автор е на два мемоари, збирката есеи Уметноста на гладувањето, како и збирката песни Исчезнувања. Автор е на сценариото за филмот Чад, корежисер (со Вејн Ванг) на филмот Модри лица и сценарист и режисер на филмот Пандорината кутија. Неговите книги се преведени на повеќе од дваесет јазици. Живее во Њујорк.

1 книга од овој автор: