petre-m-andreevski

Петре М. Андреевски

Петре М. АНДРЕЕВСКИ (1934 – 2006) е поет, раскажувач, драмски писател и есеист. Роден е во Слоештица, Демир Хисар. Гимназија завршил во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата југословенска книжевност). Негови позначајни дела се: Јазли (поезија), И на небо и на земја (поезија), Седмиот ден (раскази), Дениција (поема), Богунемили (драма), Дални наковални (поезија), Неверни години (раскази), Време за пеење (драма), Пофалби и поплаки (поезија), Пиреј (роман), Скакулци (роман), Вечна куќа (поезија), Небеска Тимјановна (роман), Сите лица на смртта (раскази), Последните селани (роман), Тунел (роман) и Сегашно минато време (есеи). Има објавено и две книги поезија за деца: Шарам барам и Касни порасни (сликовница). Во 1984 и во 2002 година му излегуваат одбрани дела во пет и во шест тома. Ги има добиено речиси сите позначајни награди за литература: 11 Октомври, Браќа Миладиновци (двапати), Рациново признание (двапати) и Стале Попов (двапати). Негови дела се преведени на српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски и на други јазици. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија и проза. Член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

3 books by this author: