rabindranath-tagore

Рабиндранат Тагоре

РАБИНДРАНАТ ТАГОРЕ, индиски книжевник и филозоф. Во текот на својот живот напишал повеќе од 1000 поеми, 24 драми, 8 романи, над 2000 песни и голем број есеи за филозофијата, религијата, едукацијата и социологијата. Неговата поезија се одликува со едноставни емоции, неговите есеи изобилуваат со силни мисли, а романите поседуваат општествена свест. Негова глав на цел била поврзување на Истокот и Западот. Самиот ја преведувал својата лирска поезија на англиски јазик. Добил Нобелова награда за книжевност во 1913 година. Најзначајни негови дела се збирките песни Градинар и Гитанxали, а од романите Бродолом. Рабиндранат Тагоре (1861-1941) се родил во Калкута во многу богато и влијателно семејство. Неговиот татко, Дебиндранат Тагоре, бил духовен водач на религиозната секта Брамо Самај, преку која извршил реформи во хиндуизмот во неговата земја, Бенгал. Навраќајки се кон Упанишдите, мошне важен дел од ведскиот циклус, тој правинапори да ја оживее монистичката основа на ова религиско движење. Тагоре својата едукација ја добил дома, и иако на возраст од седумнаесет години бил испратен во Англија на формално школување, тој никогаш не ги довршил студиите. Во тој период, покрај многу бројните литературни активности, тој почнал да се интересира за хуманизмот и социјалните реформи. Тој исто така започнал и експериментално училиште каде што го применувал упанишадскиот начин на едукација, стар повеќе од 2000 години. Од време на време партиципирал и во индиското национално движење на свој визионерски начин. Ганди, политичкиот татко на модерна Индија, бил негов добар пријател. Во 1915 г. бил одликуван од Британската влада, но по неколку години тој се откажал од оваа чест протестирајќи за британската политика во Индија.

1 книга од овој автор: