radovan-vitosevic

Радован Витошевиќ

Радован Витошевиќ (17.05.1986, Скопје) е магистар по економски науки, со специјализација во сферата на менаџмент, финансии, маркетинг и мрежен маркетинг, и тоа на Универзитетот Шефилд, еден од 100-те најдобро рангирани универзитети во светот. Повеќе од 10 години работи како професионален менаџер во мултинационални компании и финансиски друштва. Извршен директор во повеќе компании во повеќе земји, себелидер и лидер на други, корпоративен тренер, јавен говорник, претприемач и инвеститор. Организатор и говорник на стотици бизнис-настани и иницијатор на повеќе социјално одговорни настани и проекти за заштита на околината. Тој е еден од тимот основоположници на кешбек програмата и генерално лојалти индустрија, како и поставувач на нови стандарди во мрежниот маркетинг и популаризирање на препорачувачкиот маркетинг во Македонија. Освен што успеа комплетно да промени две индустрии во македонската економија, неговата работа претставува успешно долгогодишно залагање во бизнисите, како и во овозможувањето на поубав живот на стотици наши семејства. Освен што е коавтор на книгата Будење на свеста, тој е високосвесно, креативно и духовно битие кое се занимава со лична и колективна преобразба, сакан сопруг и член на прекрасно семејство. Tој верува дека оваа книга има моќ позитивно да го трансформира животот на сите човечки битија во општеството.

0 книги од овој автор.