raphaelle-giordano

Рафаела Жордано

Писателка, сликарка, тренер за креативност... Креативноста е црвената нишка во животот на Рафаела Жордано. Откако дипломирала на Високата школа за применета уметност, неколку години со љубов ја култивира својата страст кон зборовите и концептите во различни агенции за комуникација во Париз, а потоа ја создава сопствената креативна агенција за личен тренинг. Што се однесува до психологијата, за неа се заинтересирала уште од рана младост, се обучувала и дипломирала во повеќе дисциплини и тоа ѝ станува втора специјалност. Така, нејзините први книги нудат еден апсолутно нов, креативен пристап кон личниот развој, како врз основата, така и врз формата: Тајните на доктор Колцен, Мојот бележник за тренинг 100 % среќа, Решив да бидам зен... Со својот прв роман, Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден, се посветува на една тема што ѝ е особено драга: умешноста да се промени сопствениот живот за да се пронајде патот за добро лично чувство и за среќа. А рутинологијата? Откако заклучила дека постојано расте бројот на лица што имаат сѐ за да бидат среќни, а никако не успеваат навистина да го постигнат тоа бидејќи се жртва на хронично нерасположение, Рафаела смислува едно ново занимање. Ни психолог ни личен тренер, рутинологот е стручњак за поддршка во умешноста одново да се најде изгубената среќа! Дискусиите, конференциите, вебинарите во врска со рутинологијата, водени од Рафаела Жордано, можете да ги најдете на: www.raphaellegiordano.com

2 books by this author: