richard-c-morais

Ричард С. Морејс

Ричард С. Морејс е американски новинар и писател. Роден во Португалија, израснат во Швајцарија, поголемиот дел од животот го поминал надвор од својата земја. Кариерата ја почнал во Њујорк, а потоа 25 години работел како репортер за магазинот Форбс, што му овозможило да пишува на различни теми и да патува низ светот. Живеел и работел 17 години во Лондон, како дописник, а потоа и директор на Европската редакција за Форбс. Уредник е на Баронс пента, тримесечник и веб-сајт со информации и совети за животниот стил на богатите семејства. Морејс е трикратен добитник на лондонската награда Бизнис-новинар на годината. Автор е на неофицијалната биографија Пјер Карден: човекот што стана марка, објавена во 1991 г. Вториот роман Будаленд Бруклин го објавува во 2012 г. Неговиот прв роман Патување во сто чекори од 2010 г. доживува и своја филмска адаптација.

1 книга од овој автор: