roberto-bolano

Роберто Болањо

Роберто Болањо е роден во Сантијаго, Чиле, во 1953 година. Пишува поезија и проза. Типичен претставник на латиноамериканската литература

кој целиот свој живот го поминал во егзил (Ел Салвадор, Мексико и Франција), а на крајот останал да живее во Шпанија, каде што ги напишал повеќето од своите прозни дела. Во Чиле се враќа во 1972 година и ги поддржува револуционерните идеи на Алјенде, но по воениот удар на Пиноче ќе заврши во затвор и тоа ќе му биде пресвртниот момент во животот. По завршувањето на затворската казна, Болањо се враќа во Мексико и таму ја започнува својата книжевна кариера. Ги објавува збирките раскази Курви убијци и Тајната на злото, романите Ноќите во Чиле, Далечна ѕвезда, Нацистичката литература во Америка, Третиот Рајх, како и неколку збирки поезија и есеи. Двете најпознати и највисоко вреднувани дела на Болањо се романите Дивите детективи и 2666. Романот 2666 е објавен постхумно, една година по смртта на авторот, кој почина во 2003 година, во Шпанија. Ова дело не се смета само за еден од најзначајните романи на современата литература напишан на шпански јазик туку претставува и меѓник кој одредува почеток на една цела литературна традиција.

1 book by this author: