robin-sharma

Робин Шарма

Робин Шарма е светски почитуван хуманитарец и основач на непрофитна организација што им помага на загрозените деца да живеат подобар живот. Нашироко познат како еден од врвните светски експерти за прашањата на лидерството, овој пионер меѓу своите клиенти има многу од компаниите што Форчн ги има прогласено за 100 најдобри, прославени милијардери, професионални спортски суперѕвезди, музички икони и припадници на кралски семејства. Тој е еден од најбараните оратори на светот. Меѓу организациите што го ангажирале Робин Шарма да им помогне на вработените да израснат во лидери без титула, да бидат исклучителни работници и да ги усовршат промените во овие комплексни времиња се и: НАСА, Мајкрософт, Најки, Џи-И, Федекс, Хјулит-Пакард, Старбакс, Оракл, Универзитетот Јејл, Ај-би-ем Вотсон и Организацијата на млади претседатели. Автор е на книги што се најдоа на првото место меѓу бестселерите, како што се Калуѓерот што го продаде своето ферари, Патот до величественоста и Лидер без титула. Има продадено милиони примероци од своите книги, преведени на повеќе од 92 јазици, што го прави еден од најчитаните живи автори во целиот свет.

11 books by this author: