rudiger-safranski

Ридигер Зафрански

Ридигер Зафрански (1945) е еден од највлијателните германски интелектуалци во моментов. Тој е филозоф и писател, особено познат по низа биографии на значајни личности од историјата, културата и науката на Германија. Добитник е на многу високи награди од областа на науката и есеистиката, од кои особено се издвојуваат наградата „Фридрих Ниче“ и наградата „Фридрих Хелдерлин“. Во центарот на научниот интерес на Зафрански е романтизмот – како културна појава и како филозофија. Оттука, голем дел од неговите книги се посветени на клучни фигури на романтизмот: Хофман (1984), Фридрих Ниче (2000), Шилер како филозоф (2005), Гете и Шилер (2009), Романтизмот (2007), Гете (2013) итн. Во неговото подоцнежно творештво фокусот на неговото истражување се пренесува кон теоријата и историјата на музиката, а исто така и кон историјата на науката. Токму во последниот циклус на интерес спаѓа и неговото ново дело Време, објавено во 2015 година. Во него Зафрански низ призмата на филозофијата и историјата на науката се обидува да одговори на комплексни научни прашања. За книгата Време Зафрански ја доби наградата „Лудвиг Берн“ за есеистика во 2017 година.

1 книга од овој автор: